ШОКАНТНО – САМОУБИСТВЕН ПОТЕГ НА ВМРО ДПМНЕ И ЛЕВИЦА: КОЈ ГО ВРТИ ЏО БАЈДЕН, НИЕ И ПОНАТАМУ СМЕ ПРОТИВ ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР!!!

0
731

За ВМРО-ДПМНЕ и Левица нема значење извршната наредба на американскиот претседател Џо Бајден дека ќе бидат подложени на санкции сите оние што не го почитуваат или го загрозуваат Преспанскиот договор. Човекот кој како министер за надворешни работи ја потпиша Декларацијата со САД за стратешко пријателство и соработка со Македонија во 2008 година, Антонио Милошоски, вели дека таа наредба била за заштита на американските национални интереси.

Милошоски во изјава за „Слободен печат“ вели:

„ВМРО-ДПМНЕ како партија има задача и обврска да ги штити македонските национални и државни интереси. Ставот на ВМРО-ДПМНЕ за Преспанскиот договор е следен: ВМРО-ДПМНЕ не учествуваше во преговарањата, креирањето, неговото носење во Собранието и негова имплементација, тој е асиметричен и спротивен на македонските национални интереси – изјави Милошовски за „Слободен печат“.

Според него, главна задача е борбата со криминалот и корупцијата содржани во рамката и во тој случај, како што вели, „половина Влада на Зоран Заев и СДСМ треба да биде на црната листа“.

Левица во партиското соопштение вели дека „Охридскиот и Преспанскиот договор се е дел од империјалистичката надворешна политика на САД која оперира со притисок, санкции, закани и воени интервенции – насилничка политика“.

Според партијата, „ваквите договори како Рамковниот, Преспанскиот и Бугарскиот предизвикуваат регионална нестабилност, а не обратно. Искуството низ годините покажа дека Охридскиот договор е само алатка на задоволување на теснопартиските интереси на ДУИ. Левица ќе продолжела да се бори против сите штетни политики и договори кои се против националните интереси, воспоставени уште од АСНОМ. Левица обвини дека „македонската опозиција е заглавена во западен фундаментализам“.