По смешното писмо од докторите од Систина кои се пожалија до јавноста дека без Орце Камчев не можеле да лечат пациенти и апелираа бизнисменот да биде пуштен од притвор, сега се јавија и собарките и келнерите од хотел Мериот!
– Апелираме да се пушти Сашо Мијалков од притвор веднаш, без него во хотелот некако нема дисциплина нити воља за работа, друго си е он кога е тука кога ќе го видиш со тоа подочњаците страв те фаќа и одма добиваш моментална мотивација за работа, вака хотелот е како село без кучиња. – се жалат собарките и келнерите од Мериот.
(ОВА Е САТИРИЧНА СТОРИЈА, ИАКО ПОЛА ОД СТОРИЈАТА Е ТОЧНА, ДРУГАТА ПОЛОВИНА МАЛЦЕ НЕ Е)