ШОКАНТНО: МИЛЕНКО ОТВОРЕНО ПОВИКА НА ГРАЃАНСКА ВОЈНА, КРВ ДА СЕ ПРОЛЕЕЛО ПО УЛИЦИТЕ НА СКОПЈЕ

0
2357

Прво со колумна а потоа и со видео обраќање на фб, Миленко повика на крвави протести и граѓанска војна ако власта се дрзне да го изгласа законот за јазици или пак се обиде да тргне некој од големите споменици на плоштадот.

– Без крв, нема држава!, вели Миленко, враќајќи ја повторно изјавата на Љубчо од 90-тите кога се дебатираше дали да се отвори битка со ЈНА која сакаше да ја земе опремата од македонските касарни.

Лесно му е на Миленко да повикува на крвава пресметка и немири, кога децата му се на сигурно во Америка. Си ги изживеал своето, и на стари години е спремен и да загине, нема он што да изгуби. Што е со децата кои се во Македонија и кои сакаат да живеат во мирна и просперитетна држава?!?!