ШОКАНТНО, ЗЕМЕТЕ СИ ШЕЌЕР И ВОДА, ОВА Е НЕВЕРОЈАТНО: Геро отиде дотаму што го бранеше тепачот на новинари и вице премиер на режимот, Пешевски, во километар долга колумна затоа што и се обратил на новинарка со зборот КУРВА!

0
2378

Какво епско новинарско самоубиство на Геро денеска!

Овој човек или е перфектен глумец кој досега перфектно глуемеше голема новинарска величина или човекот буквално ментално се распаѓа поради некаква болест на мозокот.

Замислете денеска отиде дотаму што напиша еден километар колумна за да го обрани Хипо, тепачот на новинари и вице премиер на режимот, за тоа што нарекол новинарка курва на прес на кој таа му поставила незгодно прашање?!?!

Да, ај уште еднаш да повториме. Геро, самопрогласениот најголем опозиционер и стратег на опозицијата, потроши цела колумна од еден километар за да одбрани вице премиер на мафијашот Грујо, човек со кој знае колку фирми на Кипар, вмешан во сите криминали на фамилијата, слушнат на снимките од бомбите како и нарачува на Гоца технички преглед за пола автомобили на сета опозиција во Куманово за време на избори, човекот кој нападна новинар во сред бел ден во Скопје и одби да си поднесе оставка и кој штотуку нарече новинарка курва на прес затоа што му поставила незгодно прашање?!?!

Е за овој човек Геро потроши цела колумна долга еден километар! Овој човек Геро денеска го бранеше на своите медиуми!

Ауууууууууууууу братееееееее!!!

Еве го неговата подолга колумна, а потоа е мојата анализа подолу:

ЗА НАВОДНИОТ „СКАНДАЛ“ НА ПЕШЕВСКИ И ЗА НАВОДНАТА „ВЕСТ“ НА МАКТЕЛ

Повеќе портали, повикувајќи се на „вест“ на порталот Мактел, објавија дека вицепремиерот Владимир Пешевски навредил новинарка од една редакција со зборовите „а јас да те прашам, знаат ли твоите родители дека си проститутка?“ Тоа се случило по исклучувањето на камерите, откако претходно новинарката поставила прашање дали владата размислува да ја зголеми старосната граница за пензионирање.

Сале Мутави Поликлинико денеска тврди дека Плусинфо не ја објавил веста поради моите пријателски врски со вицепремиерот Пешевски. Кон оваа лага, Сале Мутави ги придодава вообичаените навреди на моја сметка, кои јавно ги испорачува час по своја желба, час по нарачка.

Два дена бев на семинар во Велес, на кој со група колеги разговаравме за медиумите. Планирав денешното неделно попладне да го поминам во одмор (во кругот на семејството, нели), но ете, добив непланирана задача да ја проверам „веста“ на Мактел. Се разбира, за таа цел, го искористив и моето пријателство со Пешевски, за да помогнам да се разбистри и да се комплетира сликата за настанот.

Пред да прераскажам што точно се случило, важно е да се потсетиме на еден интересен дијалог од судењето на Војислав Шешељ во Хаг. Имено, тој дијалог оди вака. Судијата: „Господине Шешељ, ве молам на прашањата одговарајте со да или со не“. Шешељ: „Не можам адекватно да се бранам одговарајќи со да или со не. Господине судија, дали можам јас да ви поставам прашање, а вие да одговорите со да или со не?“ Судијата: „Можете“. Шешељ: „Знаат ли вашите родители дека сте хомосексуалец?“

Што е поентата на досетливиот Шешељ? На прашањата кои содржат констатација (теза), не може да се одговара со да или со не. Во случајов, без оглед дали судијата на Шешељовото прашање би одговорил со да или со не, би останала констатцијата дека тој е хомосексуалец. Судијата би морал да добие шанса да одговори „јас не сум хомосексуалец“ (ако не е), или ако случајно бил хомосексуалец, во еден поширок одговор да го објасни својот однос со родителите. Тоа е прашање на кое, едноставно, не може да се одговори со да или со не.

Зошто е битна оваа анегдота? Поради фатот што Мактел го премолчува, или зашто не го знае, или зашто го смета за неважен, или зашто намерно манипулира – новинарката од Пешевски побарала тој на нејзиното прашање за пензискиот систем да одговори со да или со не, на што тој пред камерите и одговорил дека има прашања на кои не може да се одговори со да или со не. Потоа, откако завршил пресот, тој и пришол на новинарката и во обид да го дообјасни својот одговор, со досетка која реферира на таа позната Шешељова анегдота, и рекол: „Замислете јас да ве прашам дали твоите дома знаат дека си проститутка“. Новинарката возвратила со слична прашална реченица на сметка на Пешевски, од што овој заклучил дека таа ја разбрала досетката.

Но, подоцна, Пешевски се посомневал дека може да оставил лош впечаток, а и начул дека новинарката се пожалила дека е навредена од него. По многу перипетии, на негово барање, на нејзин терен, во нејзината редакција, се одржала средба меѓу Пешевски и новинарката, на која присуствувале уште две лица. Пешевски ја искористил шансата уште еднаш да дообјасни што сакал да каже, но сепак и се извинил на новинарката, ако таа кажаното го разбрала како навреда. За да биде сигурен дека новинарката добила сатисфакција, Пешевски се извинил не еднаш, не два пати, туку три пати. Од натамошниот тек на разговорот, кој минал во пријателски тон, Пешевски заклучил дека недоразбирањето е решено.

Ете, според мојата проверка на фактите од другата страна (audiatur et altera pars), ова се случило. Претпоставувам дека новинарката и двете лица присустни на средбата, како и новинари кои евентуално го слушнале она што Пешевски го рекол после пресот, можат да потврдат дека ова е вистина. Или, евентуално, да изнесат дополнителни факти кои би фрлиле друга светлина на настанот.

Како и да е, дежурниот уредник на Плусинфо и дежурниот уредник на „Слободен печат“, секој посебно и без да ме прашаат (се разбира, тоа кај нас е нормално, не мора за се да ме прашуваат), одлучиле да не и посветат внимание на „веста“ на Мактел (прашање е и дали воопшто ја виделе). Моите колеги се водат од општо познатиот факт дека станува збор за непрофесионален и плукачки медиум, чии „информации“ треба да се земаат со голема резерва. Еве, се потврдува дека постапиле правилно – во наводната „вест“ на Мактел се испуштени битни факти и околности поврзани со настанот, за да се произведе евтин скандал, илити бомба, нуклеарна бомба…

Јас лично и медиумите со кои раководам, со години сме жестоки критичари на власта. Беа тоа и во времето кога Сале Мутави не постоеше во македонскиот медиумски простор, беа и подоцна кога се појави и кога менуваше дресови, кога се кандидраше за разни партии, кога ги плукаше Заев, Шеќеринска и сите што не му беа по волја, а ќе бидат критичари на власта се до паѓањето на режимот, а и потоа, ќе ја критикуваат новата власт. Но, јас лично не сум спремен, во има на било каква кауза, своите битки да ги водам со лаги и со подметнувања. Се разбира, можно е понекогаш да бидеме изманипулирани (ни се случило, а можело и сега тоа да им се случи на дежурните уредници), но нема шанси да дозволам јас, или било кој во медиумите со кои раководам, злонамерно да лаже и да подметнува и тоа уште да го продава за ангажирано новинарство, борба за правдини и слично. Тоа нема да се случи, без оглед колку Сале Мутави Поликлинико и сличните од другата страна ќе ме навредуваат и клеветат.

Можеби тоа што го читате не ви се допаѓа, ама тоа е… Можеби е до „Алцхајмерот“, можеби сум навистина „суетна будала“ како што рекол некој, ама ете, таков сум си јас. И немам намера да се менувам.


Ок, одиме по ред.

1. Геро лаже! Пешевски не и одговори на новинарката дека не може да одговори со да или не, туку дека тоа не е тема на пресот и воопшто не сакал да одговара на тоа прашање! Стандардно и веќе видено!

2. Геро прави смут, споредува судија со новинар на прес. Судијата може да му налоши на сведокот да одговори со да или не, но новинарот тоа не го бара од политичарот, а и да го бара, политичарот може ако сака да разјасни и ако не се плаши од јавноста, може да објасни на долго, за тоа никој нема да му замери. Проблемот е што Владо не сакал ич да збори на таа тема!

3. Геро преќутно го одобрува тој дел од однесувањето на министрите на Грујо кои не одговараат на прашањата чисто затоа што не биле тема на пресот. Со тоа министрите на Грујо а и тој самиот, прават невидлив непробоен зид со што не може да се праша за ниеден моментален скандал во јавноста, затоа што нормално, скандалите не се тема на ниеден прес!

4. Геро се обидува да го одбрани Пешевски дека он сакал да биде поучен и слаткоречив и невин. Познавајќи го Пешевски лично од гледна точна на новинар чие прашање не го одушевило, сигурен сум дека Пешевски не бил ич фин во таа пресметка со новинарката. Зборот курва секако бил со намера новинарката да биде навредена и омаловажена и казнета за дрскоста да постави прашање кое не било дозволено.

5. Обидот на Пешевски да ја замолчи новинарката со одење кај нејзиниот уредник и директор, Геро се обидовува да го прикаже како некаков мил и невин алтруистички обид на Пешевски да излезе фин, а всушност се работи за чиста цензура и мобинг, затоа што кај што ја извреѓал па и отишл да и се заканува за тоа да не пишува во весник и на социјалните мрежи!

6. Геро ме обвинува дека лажам дека за тоа не било пишувано на Плусинфо и Слободен Печат, за после да признае дека тоа е точно! Зошто Геро не напишал за инцидентот, па потоа не му дозволил на Пешевски да објасни и јавно да се извини, зошто веднаш од прва го заштитил, таков ли е тој уредник, штити министри во фашистичката режимска влада за сите нивни грешки пораид пријателски релации?!?!

7. Од каде таа верба во Пешевкси и неговата личност, зарем досега со покажаното Пешевски заслужува каков и да е човечки респект и верва па дури и милост?! Значи по се што сторија копилињава на власт, ние сега ќе ги мериме на вага нивните лапсуси па ќе одиме да се објаснуваме со нив во детали што им било намерата и што сакале да направат?! Па они за нас не само што немаат милост туку не газат живи секој ден не требат како лебарки?!?!

8. Гревот на Геро е особено голем што тој прави смртен грев – застанува на страната на моќник во дуелот со новинар! А тој е новинар цел живот и уредник повеќето време и беше и професор по новинарство, и наместо да ја заштити новинарката поради овој испад на Пешевски и поради неговите претходни испади да не го става толку високо на пиедесталот, Геро целосно се става пристрасно на страната на Пешевски поради лични релации па навлегува во намерите кои му биле и слично. Ако одиме по таа логика, излегува дека и мене сакал да ме ишамара добронамерно, за да ми покаже некоја поука од Шешељ?!?!

Ова е епска брука на Геро, кој со години се обидуваше мене да ме престави како човек на режимот, некакво кукавичко јајце снесено од страна на режимот во опозицискиот камп. Но сега се виде дека тој е далеку од идеалниот борец за кој се преставува. Вака сите да ги тинтревме режимците како он што го титри Пешевски, они никад немаше да паднат од власт!

Дури сега ми е јасно зошто Геро не ги праќа своите новинари на владините пресови да поставуваат незгодни прашања за бомбите и други афери. Со уште колку министри е Геро личен пријател и дали тоа него го дискфаликификува од уредничката позиција на овие медиуми кои ги уредува?!

Зошто нема истражувачко новинарство во неговите медиуми, зошто не сме чуле за афера и скандал откриени од неговите медимуми, зошто не ги бркаат неговите новинари владините министри?! Зошто само чека од фб да препише коментари, ние во Мактел тоа го правиме затоа што сме двајц аи имаме буџет месечен од 500 евра, но тој има армија новинари, зошто не се бори пожестоко против режимот?!

Или тој троши 50 посто од времето во пресметка со Саше Политико кој има храброст да укаже на неговите недоследности и луди тези во колумните?!

Суетата, егото и карактерните слабости полека си го земаат данокот, Геро одамна не е големата новинарчина која ја читав во 90-тите во првите броеви на Дневник како средношколец и студент!

Пишува : Саше Ивановски

Извор : Мактел.Мк