ШОКАНТНО: ГОРДАНА СИЉАНОВСКА СО ФБ КОЛУМНА ЈА ПОВИКА ЕУ ДА НЕ ПОЧНУВА ПРЕГОВОРИ СО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, СО ТОА ЌЕ ПОМОГНЕЛЕ ДА ПАДНЕ РЕЖИМОТ НА ЗАЕВ?!?!

0
2160

Еве дел од колумната на професорката Сиљановска која за малце ќе беше претседател на државата како кандидат на ВМРО ДПМНЕ:

Признавам, ми течат солзи денес, под притисок на наметнатите „северномакедонски“ фрустрации, ама претчувстувам крај на уште еден авторитарен режим, со желба да не се повтори!

Каде сме денес ? Се покажа дека доволно е Грција да го „реши спорот“ со вашето име за да ви дозволи да влезете во НАТО од геостратешки причини, но не е доволно вие да си го смените името до обезличување за да добиете датум за почеток на преговори за ЕУ. Доволно е Бугарија да ве турка во неисториските „нации“ за да ви подаде НАТО рака, но не е доволно вие да преговарате за вашата историја и да лицитирате кој е чиј!

Но, Копенхагеншките критериуми се цврсти демократски темели на ЕУ куќата. Не дека сите стари и нови ЕУ станари не градат бесправно и секогаш го почитуваат европскиот куќен ред, ама, сите повторуваат дека без владеење на правото, битка со корупцијата и криминалот, независно судство, квалификувана администрација, либерална економија, нема ниту пристоен национален, ниту сигурен европски дом…

Во очекување на датумот за почеток на преговорите, луѓе без знаење, дигнитет и интегритет, па дури и со вмешаност во криминал со чинење или нечинење, зборуваат за нов европски, историски почеток. Аман од ДОГОВОРНАТА партиска историја, во која се себеименуваат и себепрогласуваат за „историски“ личности.

А, ЕУ, а десетте позитивни препораки на Комисијата, а Советот? По тони „изедени“ моркови од политичките клептомани и по дузина искршени стапови по нас, граѓаните, редно е ЕУ, за да си го сочува кредибилитетот во однос на проширувањето, соочена со БРЕГЗИТ, да престане да се однесува ЕВРОМАНДАРИНСКИ и да им каже „ да“ на македонските граѓани, но и „не“ на олитичарите на власт, за да не ги охрабрува и поттикнува предизборно нивните ниски политички страсти.

Време е ЕУ да стави крај на „оригиналните“ проширувачки решенија за Западен Балкан , ако навистина сака да ни помогне да го прескокнеме РУБИКОН и да се осилиме против лажните домашни европски политички пророци.