ШОКАНТНО: ГЕРО БАРА ПАРИ ОД ГАЗДИТЕ НА СЛОБОДЕН ПЕЧАТ, СЕ ЗАКАНУВА ДЕКА ЌЕ КАЖЕЛ МНОГУ ПИКАНТЕРИИ ЗА ВЕСНИКОТ?!?!

0
835
Ете, Фејсбук ме потсети дека во ова време пред една година, одлучив да го отфрлам притисокот и ултиматумот од сопствениците на “Слободен печат” да се откажам од уредувачката автономија и да ја прилагодам уредувачката политика на барањата на партијата на власт.
Како човек од збор и коректен и дискретен соработник, не ги обелоденив јавно имињата на луѓето кои ми вршеа притисоци (никогаш не е доцна тоа да се стори, ако се наложи потреба), како и на моите соработници кои не ми пружија поддршка кога беше потребно да се демонстрира храброст, колегијалност и чоештина.
Платив висока цена за да го сочувам образот. Прво го напуштив кормилото на “Слободен печат”, весникот што го основав јас, составувајќи ги и сопственичкиот тим, и уредништвото, и редакцијата. Потоа, на 31 декември лани, си заминав целосно од фирмата, дадов или добив, како сакате, отказ, што го потпишав половина година пред тоа.
Признавам, се чувствував повреден и не верувам дека некогаш ќе им простам на луѓето кои ми го украдоа весникот што толку многу ми значеше. Сепак, никому не му се налутив толку многу за да ме совлада желбата да се одмаздувам. По заминувањето, лош збор за “Слободен печат”, за неговите газди и за моите другари соработници, од моја уста и од мое перо не излезе. Во обратната насока, за жал, кон мене беа упатени повеќе ниски удари под појас. Ги очекував. Ги очекувсм и сега. И затоа, сега предупредувам – на првиот следен фаул против мене, од било кој лик од таа редакција, ќе отворам уста и ќе ја раскажам целата историја, со сите непријатности. Сметам дека со ова злите јазици се предупредени.
“Слободен печат” веќе една година е зад мене. Мене ми останува на колегите да им посакам добри денови, а газдите да ги потсетам дека ми должат еден пристоен бонус за високопрофитната 2018 година (тоа е година во која “Слободен печат” беше најпрофитабилниот медиум во Македонија), во склад со узансите за доброто деловно поведение на секој пристоен стопански субјект.
Како што се осведочивте во изминатата година, цензорите не успеаја да ме замолчат. Напротив. Високо го кренав гласот против криминалот и корупцијата, обелоденувајќи ги најкрупните корупциски скандали на оваа власт. И не запирам тука. Борбата продолжува!
Фејсбук статус на Бранко Героски.