ШОКАНТНО: Боки 13 тврди дека Кичеец на Камчев му ја вратил торбата „Луј Витон“

0
1089

На судењето за случајот „Рекет“ стана збор и за „Луј Витон “ торбата, која бизнисменот Орце Камчев му ја предава на Бојан Јовановски и Зоран Милевски Кичеец, а во која наводно имало еден милион евра.

-Што имаше во торбата, го праша Јовановски сведокот Камчев.

Тој одговори дека дека имало еден милон евра, од кои дел биле по 50 евра, на што Боки 13 наводно самиот реагирал, а Камчев појасни дека така ми ги спакувал за да торбата изгледа убаво, да не стои изгужвана.

Додаде дека во торбата имало и весници. Но, Боки 13 повторно праша дали имало уште нешто, но Камчев рече дека немало.

Тогаш Јовановски го праша дали му била вратена торбата „Луј Витон“, на што бизнисменот рече дека нему не му била вратена.

Тогаш Јовановски рече дека на 21, 22 февруари, во 21 часот и 17 минути Зоарн Милевски му ја враќа торбата.

-Тоа може да се докаже од камерите во вашата куќа, рече Јовановски, по што остана нејасно дали торбата била вратена полна или празна.

Во моментот има пауза, по што Јовановски ќе продолжи да го испрашува Камчев.