ШОКАНТНИ ЗАПРЕПАСТУВАЧКИ БРОЈКИ: За 10 години власт, Грујо Гоца и партиското судство на ДПМНЕ пратиле над 9000 (ДЕВЕТ ИЛЈАДИ) луѓе во притвор!!!

0
13466

Во емисијата на 24 Вести во која беа гости Ване Цветанов и Томче Кежаровски и преставник на ОМ, беше иснесена една бројка од која водителот Сеад Ризвановиќ за малку ќе паднеше од столот.

Имено кога стана збор за тоа колку вкупно обвинети поминале низ затворот Шутка кој е истражен затвор и служи за притворање на оние на кои им е досуден притвор, Цветанов кажа дека бројката се движи околу 9000 луѓе за 10 години власт на ДПМНЕ, на што настана една мртва тишина по што Сеад го праша уште еднаш Цветанов со неверување – Колку? Ване пак одговори околу 9000.

Новинарот и уредник Ризвановиќ на тоа искоментира дека значи има илјадници луѓе кои по казна се пратени во притвор како цел на политички прогон на што Цветанов одговори – точно така. Цветанов објасни дека поради тоа е формиран комитет за остварување на правото кој ќе истражува колкава е точната бројка на луѓе кои биле лажно обинети и малтретирани во Шутка од страна на режимот на Груевски и сваровски судството на Мијалков.