ШОКАНТНА ИЗЈАВА НА ПРОФЕСОРКАТА СИЉАНОВСКА, ТЕШКО НА НАШИТЕ СТУДЕНТИ ПО ПРАВО : СПИКЕРОТ ТАЛАТ ЏАФЕРИ СПОРЕД УСТАВОТ Е ОБИЧЕН ПИСАР, ПОШТАР, ТОЈ НЕ СМЕЕ ДА СЕ МЕША ВО РАБОТАТА НА СОБРАНИЕТО?!?!

0
739

Еве што вика уставот и деловникот на собранието на Северна Македонија:

Овластувања и должности на ПРЕТСЕДАТЕЛот НА СОБРАНИЕТО

Претседателот на Собранието на Република Македонија се избира од редот на пратениците со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. Мандатот на претседателот трае четири години.

Претседателот на Собранието го претставува Собранието, ги свикува седниците на Собранието и раководи со нив, се грижи за примена на Деловникот на Собранието, ги потпишува указите за прогласување на законите и врши други работи утврдени со Уставот на Република Македонија и со Деловникот на Собранието.

– се грижи за примената на Деловникот и дава појаснување во врска со неговата примена, за што може да побара мислење од Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања,
– определува работно тело надлежно за разгледување на одделни прашања поднесени до Собранието (матично работно тело),
– ја испитува уредноста на предлогот за покренување граѓанска иницијативата за донесување закон, за распишување на референдум на државно ниво и за поднесување предлог за пристапување кон измена на Уставот,
– се грижи за усогласување на активностите на Собранието со претседателот на Републиката и со Владата,
– соработува со координаторите на пратеничките групи,
– во име на Собранието остварува меѓународна соработка со парламентарните, дипломатско-конзуларните и други претставници на странски држави и на меѓународни организации, како и со други видни странски личности,
– ја следи работата на Службата на Собранието, се грижи за унапредување на нејзината работа и за создавање услови за нејзино современо и ефикасно работење,
– доверува вршење на одредени работи на генералниот секретар на Собранието,
– формира работни групи за проучување на одделни прашања од надлежност на Собранието,

– донесува акти утврдени со овој деловник и
– врши други работи утврдени со Уставот, закон и со овој деловник.

Претседател на Собранието на Република Македонија е Талат Џафери.