ШОКАНТНА БОМБА НА БИЉАНА СЕКУЛОВСКА: Дописничката на МТВ од Атина, Марија Котовска со години земала плата од 2000 евра месечно а ништо не работела!!!

0
4131

Многу скандали за работењето на МТВ во сторијата на Биљана Секуловска Ива на порталот Нова, еве дел за една партиска куртонка која со години земала 2000е плата а ништо не работела па со тие дебели хонорари си купила и станче во Скопје:

Идентична перцепција за дописничката мрежа има новинар на МТВ, кој бараше анонимност: “МРТ нема постојани дописници од внатрешноста на земјата. До пред 6 месеци имавме небулозна ситуација, да имаме дописник во Вашингтон но не и во Тетово. Но и во странство каде што бевме присутни имаше слаба реализација или подобро речено неработење.

Јавна тајна е дека дописничката во Атина ( Марија Котовска) годишно одеше на снимање не повеќе од 10 пати под различни изговори. Земаше над 2000 евра плата а таму беше како на одмор. Освен за новинар се правеа трошоци и за снимател. Со Атина беше проблем што постојано имаа расипана камера па тоа беше изговор и ништо да не работат. Дури, се зборува меѓу снимателите дека последните година- две, снимателот живееше во Скопје, а земаше девизна плата и за него се плаќаа кирија и други трошоци во Атина!?

Имаше страшен револт и новинарите и снимателите беа демотивирани- не разбираа зошто раководството го дозволуваше ова. Инаку изборот на дописници и сниматели беше направен без никаков критериум и план за работа ( како што е практика на пр. во ХТВ) туку повеќе по заслуга. Да биде трагедијата поголема, Котовска претходно беше монтажер, но откако одработи успешно едни избори за ВМРО беше унапредена во новинар и потоа дописник. Девојката е класичен пример за партиски војник и тоа без срам го истакнуваше со слика на профил на ФБ како стои пред партискиот грб. Сега состојбата е сменета зашто сите се вратени во Македонија”.