ШОКАНТЕН ТВ НАСТАП НА ПРАТЕНИЧКАТА НА ВМРО ДПМНЕ ОД СТРУМИЦА, ЕЛИ ПАНОВА: ВМРО ДПМНЕ НЕ СЕ ОТКАЖУВА ОД ПОНИШТУВАЊЕ НА СЛУЧАИТЕ НА СЈО И СО ТОА ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД ЗАТВОР НА МИЈАЛКОВ, ЈАНКУЛОВСКА, ГРУЕВСКИ?!?!

0
2537

Мислевме дека ВМРО ДПМНЕ ќе понуди нешто ново и ќе се дистанцира од осудените од СЈО но вечерва на Алфа, пратеничката од Струмица, Ели Панова откри дека тие како партија го оспоруваат преземањето на случаите од СЈО во ОЈО за што се бореа до последен момент и за што дури слушнавме снимка на која Мицковски му ветува на Зоки Кичеец да му пренесе на Камчев дека они ќе се борат до крај случаите да пропаднат…

Просто неверојатно беше да се слуша како младата Панова распали како тоа ВМРО ДПМНЕ ќе се бореле за тоа Јовески од ОЈО да одговара како ги презел случаите од СЈО и ќе работат тоа да се расчисти а он да оговара кривично за тоа?!?!

Со што ВМРО ДПМНЕ уствари не се откажуваат од тоа случаите на СЈО да пропаднат и со тоа да се спасат од затвор Мијалков, Јанкуловска, Груевски и десетици други досега осудени а уште и над 100 кои се чека да бидат осудени овие следни недели и месеци во над 20 случаи на СЈО од кои најинтересен ќе биде случајот ИМПЕРИЈА кој ќе влезе во судница дури овие денови но во него обвинети се најзвучните имиња во земјава, Орце Камчев и Сашо Мијалков и кој парично тежи најмногу, обвинети се двајцата дека испрале десетици милиони евра и уште толку украле од државната каса на име неплатени даноци.