ШОКАНТЕН НАСТАН ВО ГАЗИ БАБА – ВМРО-ДПМНЕ ПРОДОЛЖУВА ОТВОРЕНО ДА ПОДРЖУВА ТЕРОРИЗАМ И НАСИЛИЕ ВО ОПШТЕСТВОТО: ГРАДОНАЧАЛНИКОТ СО НАРОДНИ ПАРИ ПРИРЕДИ КОНЦЕРТ И ГО ПОКАНИ ЛАМБЕ ПАЛИКУЌА ДА ИМ ПЕЕ НА ГРАЃАНИТЕ

0
721

Поп музичарот Ламбе Алабаковски беше главната музичка ѕвезда на настанот кој синоќа се одржа на плоштад во Автокоманда под мотото – Семејството столб на општеството, децата иднина на светот.

Музичкиот настан беше во организација на Општина Гази Баба, а градоначалникот Бобан Стефковски го најави како случување кое ја носи пораката дека семејството е заедница од мајка, татко и деца, и само така светот има иднина.

На манифестацијата, на која имаше публика од сите генерациии, Алабаковски беше дочекан како ѕвезда. Луѓе се фотографираа со него, му даваа сувенири со национални симболи, а бината беше украсена со балони во боите на македонското знаме.

Според градоначалникот Стефковски, кој бил иницијатор на настанот, масовноста била доказ дека е испратена пораката, дека се почнува и завршува со семејството, кое е столб на секое општество.