ШКРИЈЕЉ КОН ПРАТЕНИЦИТЕ ОД ОПОЗИЦИЈАТА : ЗА ДА БИДЕТЕ ПАТРИОТИ ПРВО ТРЕБА ДА ПРЕСТАНЕТЕ ДА БИДЕТЕ КУКАВИЦИ!

0
405
Патриотизмот за кој на големо зборувате не е носење маички, ниту говор на омраза и сексизмот и шовинизмот што го ширите, им порача пратеничката Санела Шкријељ на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на денешната собраниска седница.
„Патриотизам за мене е, после цела деценија заборавање, научни установи и институти да добијат средства за финансирање, меѓу кои се и Институтот за македонска литература, Институтот за македонски јазик, Институтот за национална историја, Институтот за фолклор и Институтот за словенска култура. Патриотизам за мене е за првпат во независноста да се воведат стипендии за студенти кои студираат македонски јазик, патриотизам за мене е по препорака на Советот за македонски јазик, Владата во 2019 година да донесе конечна одлука 5 Мај да биде празник на македонската азбука и македонскиот јазик. Но, драги колеги и колешки, за да бидете патриоти најпрвин треба да престанете да бидете кукавици.“ порача Шкријељ.