Шкријељ во Василево: Над 27.000 семејства земаат социјална помош повисока во просек за 300%

0
1091

Санела Шкријељ, член на Комисијата за труд и социјална политика во СДСМ денеска се сретна со корисници на правата од законите за социјална и детска заштита и социјална сигурност на стари лица во Општина Василево.

Шкријељ истакна дека со социјалната реформа обезбедуваме повеќе пари за граѓаните, го враќаме достоинството и го креваме животниот стандард.

“Социјалната помош ја зголемивме во просек за 300%. Во споредба со претходно, за 20 пати го зголемивме бројот на дечиња на кои сега им следува помош од државата. Конкретно, со новата социјалната реформа 27.000 деца земаат детски додаток, а над 8.500 деца добиваат образовен додаток. Гарантиран минимален приход примаат 27.387 граѓани, а над 4.000 возрасни лица веќе ја користат социјалната пензија”, рече Шкријељ.

Шкријељ на средбата порача дека реформите што беа реализирани изминатиот период од Министерството за труд и социјална политика во социјалата директно влијаат на подобрување на животот на граѓаните.

Меѓу нив е одлуката за покачување на пензиите, која го следи растот на платите во државата, од околку 700 денари и законските измени со кои материјално до пензионирање се обезбедени 12.000 стечајни работници.

Владата предвидена од СДСМ е цврсто решена да се бори против сиромаштијата и продолжува и понатаму да создава политики кои ќе бидат во интерес на граѓаните.