ШИЛЕГОВ : СО ТУНЕЛОТ НА ,,ЛИМАК” ЌЕ МОЖЕ ДА ИМА ПЕШАЧКА ЗОНА

0
815

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов најави дека Град Скопје на средината од 2022 ќе започне инфраструктурно да ја поврзува подземната сообраќајница која ја гради Лимак Скопје и која е дел од мултифункционалниот проект „Diamond of Skopje“.

Со овој проект, како и со отворањето на коридорот преку мостот на АСНОМ фдо „Мавровка“ за граѓаните на Лисиче и Аеродором, Шилегов верува дека до крајот на 2023 во центарот на градот ќе има пешачка зона.

„Она што вие не го гледате во моментов, а тоа се одвива, е изработката на тунелот под Старата железничка станица, а ние како Град Скопје некаде на средината на следната година ќе започнеме да работиме на конектирањето на тој тунел со останатата инфраструктура. Тоа е тунел кој ја поврзува Иво Лола Рибар, односно Васил Гологанов со Кисела Вода, рече Шилегов на денешната прес-конференција.

Овие проекти, според Шилегов, ќе овозможат низ актуелниот Мал Ринг граѓаните да се движат без сообраќај.

– Затоа велам дека ќе правиме стратешки развој на инфраструктурата и можеби ќе имаме посебен брифинг со мапи за да видите што е тоа што сега стратешки се одвива, наведе градоначалникот.