ШИЛЕГОВ СО ДОБРИ ВЕСТИ – СКОПСКИТЕ ПОЖАРНИКАРИ ГО ЛОКАЛИЗИРАА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ!

0
711

Првиот човек на Град Скопје, Петре Шилегов на својот профил на Фејсбук информираше дека пожарот во Кочани е ставен под контрола.

„Скопските пожарникари во Кочани. Пожарот моментално е локализиран и ставен под контрола. Пожарникарите остануваат цела ноќ за да се спречи евентуално повторно ширење на пожарот“, напиша Шилегов.

-Пожарот избувнал во селото Бели, но ветерот го проширил кон градот и сега е ставен под контрола. Засега знам дека се оштетени две кровни конструкции, но проценка за штетата ќе се прави утре. Помош пристигнува од сите страни, вели Илијев.

Тој додава дека останува голем проблем е што во Осоговието на околу 1000 метри надморска висина има и друг активен пожар, иако, како што вели, во моментот сите служби се ангажирани за да го спречат продорот на пожарот во градот.

Во пожарот што попладнево избувна на две локации во Кочани, и се доближи до станбените домови над градот во Белско Маало, има оштетени куќи, помошни објекти, оштетени се возила, меѓу кои и едно противпожарно возило.

Во кочанската болница десетина лица побарале лекарска помош поради отежнато дишење од чадот, но нема тешко повредени, јави дописникот на МИА од Кочани.

Дописникот јавува и дека пожарот поради ветерот се шири во правец на селото Тркање, а луѓето кои интервенираат таму се сконцентрирани да го спречат ширењето на огнот кон складот на „Макпетрол“ и една приватна бензиска пумпа. На тоа место има и објекти од лесната индустрија.

Екипи на Територијалната противпожарна единица од Кочани максимално се ангажирани во неговото локализирање, а помош е побарана и од соседните единици од Виница и Пробиштип.