Шилегов: По победата СДСМ ќе ја извади оградата пред Владата

0
1234

СДСМ јавно се обврзува дека по победата на изборите во април следната година околу зградата на владата нема да има ограда и дека таа ќе биде извадена. Овој простор повторно ќе им биде вратен на граѓаните, изјави денеска пред зградата на владата портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, кој смета дека треба да се врати стариот лик на оваа зграда.

11996930_10153212727732499_1661645083_n

Тој нагласи дека нема ограда што може да го спаси Груевски.

– Никола Груевски се оградува од народот, од граѓаните. Барокната ограда од ковано железо е најголемиот симбол на неговиот страв. Тој се плаши од револтот кај граѓаните коишто не сакаат нечесни политичари. Груевски се плаши од одговорност за криминалот, корупцијата, за сите злоупотреби во изминатите 9,5 години, за се она што се потврди со доказите од проектот „Вистината за Македонија“ – рече Шилегов.

Тој потсети дека и во време на еднопартискиот систем, зградата на Владата не само што не била оградена, туку просторот околу неа бил еден од поубавите јавни простори. Притоа додаде:

– Но, Груевски се навикна сопствените комплекси и стравови да ги прикрива со нови узурпации на јавниот простор, на парковите, зеленилата, проштадите зошто се залажува дека тоа може да го спаси.