Шилегов: Очигледно е дека Груевски започна со контрапротестите

0
1035

silegov 99

Социјалдемократскиот сојуз принципиелно го осудува нападот на секој којшто себеси се декларира за новинар, а којшто ги почитува минимум новинарските стандарди во вашата професија и вие тоа добро го знаете.

Во однос на тоа дека Социјалдемократскиот сојуз е дел од граѓанските протести коишто се одвиваат деновиве ширум целата држава сакаме да напоменеме дека ние не сме организатори на тие протести.

Нашиот протест е јавно најавен уште поодамна и ќе се одржи на 17-ти мај. Како граѓани, како луѓе, како борци за слобода имаме и право, и должност, и задоволство секој од нас индивидуално, не организирано, да присуствува на овие протести.

Очигледно е дека Никола Груевски започна со контрапротестите, тоа ви е денешната манифестација на ЈСП Скопје. Очигледно е дека партиските војници и вработени, на начин на којшто целата македонска јавност можеше да посведочи како се вработуваат партиски послушници, дојдоа овдека да исполнат партиска задача. Социјалдемократскиот сојуз, негови активисти, не се сторители на ниту еден од двата настани, коишто беа денеска како предмет за протест. Ако навистина сакаме да го бараме реалниот сторител или нарачател на овие инциденти, тогаш и новинарите коишто денес се членови на Македонската асоцијација на новинари, наместо десно на раскрсницата, требаше да завртат лево, веројатно таму се уште живее Никола Груевски и кај вистинскиот нарачател да го изразат својот револт и незадоволство, рече портпаролот на СДСМ Петре Шилегов.