Шилегов од трибината во Скопје: Воведуваме системски мерки, војната против аерозагадувањето мора да ја добиеме!

0
1126

Влезени сме во војна која што мораме да ја добиеме – таа војна се вика системско решавање на аерозагадувањето. – порача Петре Шилегов од граѓанската трибина во Скопје.

Сите го дишиме истиот воздух, а нашето здравје и здравјето на нашите деца нема цена. Затоа за само 2 години преземавме 28 мерки кои видливо го намалуваат аерозагадувањето на краток, среден и долг рок.-истакна Шилегов.

Во таа насока е и формирање на  ГЕС кој работи на преземање на топловодната мрежа паралелно со процесот на гасификацијата. Ова ќе значи повеќе корисници поврзани на парно греење, повеќе корисници на греење на природен гас, а помалку активни оџаци во градот.-истакна Шилегов.

Истовремено, сериозно се засилени инспекциите и зголемување на бројот на казните за загадувачите и тоа сите го гледаат и тоа сите го знаат.

Денес, вкупно 13 од 23 средни училишта сега имаат нови енергетски ефикасни фасади.

Шилегов истакна дека за прв се воспостави систем за спречување на палењето на огнови на отворено и систем против палењето на стрништата.

При тоа исчистени се  безброј диви депонии. А изградени се над 20 километри нови велосипедски патеки. Отворени се  2 нови паркови и прв зелен кров во Малиот Ринг. Вкупно обновени се над 300.000 метри квадратни зеленило.-посочи  Шилегов од трибината во Скопје.

Започна имплементација на процесот на системско решавање на хигиената во градот и веќе се гледаат новите контејнери на улица кои што се само почеток на овој процес. –истакна Шилегов.

Тој додаде дека на крајот на овој процес отпадот ќе се селектира, со можност за негово рециклирање и рационално искористување.

Го решаваме проблемот на криминалната концесијата на депонијата Дрисла и во многу скоро време Градот ќе го преземе нејзиното управување, а сето ова со цел да изработиме модел кој што ќе гарантира паметно управување со отпадот, потенцираше Шилегов од трибината во Скопје.