Шилегов објаснува: Ако претераме со прскање ќе го отруеме народот, експертите тврдат дека се создадоа услови за неконтролирано ширење на комарците

0
827
Во Скопје почнаа проблемите со комарците, а граѓаните постојано се жалат од нивната прекубројност.

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов вели дека прскањето со инсектициди, може да го загрози здравјето и на граѓаните.

„Прскањето против комарци нема да чини ништо повеќе од тоа што е предвидено. Експертите тврдат дека се создадоа услови за неконтролирано ширење на комарците. Ние мора да имаме предвид и здравјето на луѓето. Прскањето со инсектициди може да го загрози и здравјето на граѓаните. Поради тоа беше одлучено да имаме пауза од десетина дена“, истакна Шилегов.