Шилегов: нема да дозволам да се изгради зграда на плоштадот

0
915

Нов плочник со површина од речиси 5.000 квадратни метри, дрвореди, зеленило, клупи и осветлување промовираа денеска скопскиот градоначланик Петре Шилегов и градоначалник на општина Центар Саша Богдановиќ. Уреден е просторот кој опфаќа површина помеѓу влезот на ГТЦ, градскиот плоштад и Триумфалната порта.

-Овој простор пред само неколку месеци го препознававме како местото каде што на првиот посилен дожд се собираше вода на пропаднатиот асфалт која ни го ограничуваше движењето. Овој простор заедно со зелениот покрив на ГТЦ го претставуваат всушност новиот стандард за изгледот на јавниот простор. За реализацијата на овој проект од градскиот Буџет потрошени се околу 33 милиони денари со вклучен ДДВ – рече Шилегов.

Тој потенцира дека додека е тој градоначалник, заедно со градоначалникот на Општина Центар и со советниците на Град Скопје, нема да дозволат да се изгради зграда на парцелата која во 2012 година е продадена на приватна фирма, а сега е тревник – ливада.

– Ги повикувам и надлежните институции, односно Јавното обвинителство и Јавното правобранителство да ја поништат продажбата и да ја вратиме сопственоста каде што припаѓа – нагласи Шилегов.

Извор : Скопско Ехо