ШИЛЕГОВ ЗА НАВРЕДИТЕ ОД МИЦКОВСКИ НА НЕГОВА СМЕТКА: НАВИКНАТ СУМ ВЕЌЕ НА ЦРНА ПРОПАГАНДА, НЕМААТ ЗА ШТО ДА МЕ НАПАДНАТ ПА ЌЕ ИЗМИСЛУВААТ ЛИЧНИ НАПАДИ И КЛЕВЕТИ

0
950

Прашан за навредите од лидерот на ВМРО ДПМНЕ кој го анализираше психички и физички па кажа во интервјуто за Алфа синоќа дека Петре е суетен и егоист со смешен израз на лицето, Шилегов денеска одговори:

– Не ме чуди нападот, ова е само почеток, ќе користат жестока црна кампања, навикнат сум на тоа веќе 4 години, знаат дека добро сработив во Скопје и нема каде да удрат и ќе пробаат лично да ме наклеветат и да шират лаги за мене како индивидуа, но тоа нема да им успее.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ неколку дена се фалеше дека ќе водат позитивна кампања, за да синоќа во интервју за Алфа ТВ да нареди редица лични навреди за повеќе кандидати за градоначалници, а сите во СДСМ ги нарече потпросечно интелигентни.