Шилегов: Да не се правиме на Тошо дека ова што се руши кај Мавровка било предмет на легализација!

0
848

Не може да се прави споредба на претходниот простор со оваа грдосија што се изгради пред ТЦ Мавровка.

Ова денеска го истакна градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов на новинарско прашање.

„Таму е легализиран објект кој беше долго време во сутеренски простории. Да не се правиме на Тошо и да тврдиме дека тоа што било предмет на легализација, за што сопственикот платил надоместок, е ова што се руши. Во секој случај, рушењето е позаконито од дивоградбата“, рече Шилегов.