Пратеникот и портпарол на СДСМ, Петре Шилегов, на својот Фејсбук профил ја искоментира изјавата на Груевски и барањето за 20 пратеници. Неговиот Фејсбук статус ви го пренесуваме во продолжение:
Ајде малку логика:
Пред три недели, Груевски побара 17 пратеници екстра.
Веројатно, по нивните пресметки, толку им недостасувале за да направат влада.
Денес, побара фазла од 20 пратеници.
Значи, за 3 недели загубил поддршка за 3 пратеници.
Добра прогресија. Минус еден пратеник неделно …