ШИЛЕГОВ : ВО СОРАБОТКА СО УНДП, КАКО РЕЗУЛТАТ НА ИНИЦИЈАТИВАТА НА ГРАД СКОПЈЕ И ЦЕНТАРОТ ЗА ИНОВАЦИИ СКОПЈЕ ЛАБ, СКОПЈЕ ДОБИ УШТЕ ЕДЕН ЗЕЛЕН СКВЕР ВО ЦЕНТАРОТ НА ГРАДОТ

0
850

На локацијата кај „Млин Балкан” целосно се преуредени површините на предниот и задниот парк, претворајќи ја локацијата во совршено место за одмор, релаксација и дружба, заедно со детското игралиште во задниот парк наменето за сите деца над три години.

Овој е само уште еден од проектите водени според интересите на граѓаните и анкетите спроведени со цел да се дознае какви простори тие сакаат во нивната микро-средина, по што локацијата ја прилагодуваме според нивните потреби.

Продолжуваме да го движиме Скопје напред, позелено од кога и да е. #ЧекорПоЧекор #СкопјеЕднаПоинакваПриказна

Фејсбук статус на градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов.