Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг му испрати директен твит на премиерот Зоран Заев да му честита за крајното гласање на Собранието.
– НАТО силно ја поддржува целосната имплементација на Договорот, што е важен придонес за стабилен и просперитетен регион, порача Столтенберг.
Портпаролката на НАТО, Оана Лунгеску, за МИА потврди дека генералниот секретар на Алијансата му се јавил на Зоран Заев по телефон за да му честита лично за изгласаните уставни измени и отворањето на патот кон спроведување на Преспанскиот Договор.