Шефицата на УЈП, Сања Лукаревска го победи корона вирусот, втор негативен тест

0
1154

Сања Лукаревска, директорката на УЈП, веќе од утре се враќа на работа, бидејќи го победи корона вирусот, односно има два последователни негативни теста.

-Од утре се враќам на секојдневните обврски. Бидете одговорни, солидарни и внимателни. Овој вирус може да допре до секој од нас, порача Лукаревска.

Таа беше на домашно лекување, бидејќи иако имаше позитивен тест, немаше симптоми на болеста.