ШЕФИЦАТА НА ЕК ФОН ДЕР ЛАЈЕН НАЈАВИ 160 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА СРБИЈА И 71 МИЛИОНИ ЗА БИХ ПОМОШ ОД ЕУ ЗА УБЛАЖУВАЊЕ НА ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД ПОСКАПУВАЊЕТО НА ЕНЕРГЕНСИТЕ

0
434

Претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен изјави дека Србија ќе добие 160 милиони евра директна помош за справување со енергетската криза. Таа во Србија, дојде од Сараево., а таму вети дека Босна и Херцеговина ќе добие 71 милион евра од ЕУ за ублажување на последиците од поскапувањето на енергенсите.

Фон дер Лејен на 28 октомври во Ниш, со српскиот претседател Александар Вучиќ ги посетија работите на изградбата на гасниот интерконектор Србија-Бугарија. Претседателката на ЕК од Ниш продолжи за Белград каде ќе има средби до Вучиќ и со премиерката на Србија, Ана Брнабиќ. Фон дер Лајен изјави дека снабдувањето со гас од повеќе извори е од суштинско значење и дека преголемата фокусираност на Русија не е добро. Ја покани Србија да ѝ се приклучи на Европската унија во заедничката набавка на гас.

Претседателот на Европската комисија најави и 500 милиони евра грантови за Западен Балкан, кои ќе бидат инвестирани во инфраструктурата.  Вучиќ им се заблагодари на Фон дер Лајен и на Европската унија за нивната „огромна поддршка и помош“.

-Кога некој ќе ви даде пари и не ви побара ништо, треба да кажете големо благодарам. Тоа се многу пари за нас и ќе ги олеснат проблемите со кои се соочуваме, рече Вучиќ. Фон дер Лајен повтори дека е важно земјите кандидатки за членство во Унијата да се усогласат со надворешната и безбедносна политика на ЕУ.