Шекеринска : Судот пресуди дека ВМРО-ДПМНЕ се одговорни за сторена клевета кон мене

0
1047

ПРАВДАТА Е БАВНА НО НЕ ЗАБОРАВА: Судот потврди уште еднаш дека ВМРО-ДПМНЕ лаже и клевети. Како денес така и во минатото кога беа на власт, се служат со сите можни лаги за да ги дискредитираат и замолчат политичките противници за чии аргументи немаат одговор. По 4 години спор (во кој ВМРО-ДПМНЕ само бараше одлагања), Судот пресуди дека се одговорни за сторена клевета кон мене.

Молим, нека си ја објават пресудата во медиуми како што им налага Судот, а богами и чекам да ги платат сите трошоци како што е пресудено. Нека научат дека политика не се води со лажење и плукање туку со работа и знаење.

ФБ статус на Радмила Шекеринска.