Шекеринска: Дебата на која секој ќе покаже документи за одморот, јас немам што да кријам

0
1059

Заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, преку својата Фејсбук страница се огласи на пишувањата на провладините медиуми за нејзиниот одмор. Еве што напиша таа:

radmila-sekerinska

Институциите коишто 9 години ги раководи ВМРО-ДПМНЕ сто пати го проверија целиот мој имот. Не најдоа ништо непријавено или незаконско затоа што нема.

Што се однесува до летувањето на моето семејство еве предлог до власта: ВЕДНАШ да организираат дебата на која секој ќе покаже документи каде го поминал одморот, колку тоа чинело и од каде се покриени трошоците. Ајде, јас немам што да кријам.

Како знак на добра волја, нема да поставувам прашање за цената на очилата коишто станаа болна точка на власта, па поради тоа постојано лажат и навредуваат.