Шекеринска: Ги повикувам традиционалните медиуми да ни помогнат во борбата со лажни вести, црната кампања и говорот на омраза

0
637

Потпретседателката на СДСМ Радмила Шекеринска денес во Битола на новинарско прашање за тоа дека повторно Македонија се најде во светските медиуми за лажните вести, односно ботовите преку фејсбук во друштво овојпат со Филипини и прашањето што ќе направите и како партија и како влада да ја спречите црната кампања, ширењето на лажни вести, говорот на омраза пред се на социјалните мрежи најчесто на порталите.

„Владатa предложи одредена стратегија и пристап кон лажните вести и ние сме свесни дека тоа е опасна територија кадешто владата не треба сама тоа да го прави оти ќе се доживее како атак на слободата на мислата“, одговори Шекеринска.

„Меѓута лажните вести дефинитивно не се дел од слободите на граѓаните, напротив тие ги ограничуваат, се трудат да ги манипулираат граѓаните и да играат на картата на страв и лаги.

Јас ќе ги повикам сите претставници на како велите вие, традиционалните медиуми но и оние сите други којшто сакаат да видат политички процес во кој нема да доминираат лагите и плукањата, туку дебатата , аргументите, рациото да ни се приклучат во таа битка тоа дефинитивно нема да успееме да го направиме во изборна кампања, напротив претпоставуваме дека во тек на избрната кампања ќе има бројни обиди да се лаже, плаши и манипулира.

Тој што нема аргументи користи лаги, тој кој нема понуда користи плукање, тоа го гледавме и во минатото кога бевме опозиција, сега сме жртви на таква кампања и како власт, но ние баравме мандат од граѓаните за да бидеме демократи, а не автократи, затоа тоа нема да го правиме ни сега и заедно со медиумските претставници во нашата програма конкретно ќе се занимава со прашањето за лажните вести со нив нема да се справиме со казни, туку со вистина и со шанса да традиционалните медиуми практично да го чистат просторот и да даваат шанса повеќе за вистинските вести.