Шекеринска: Битола, Крушево, Прилеп, Охрид, Струга бел ден не видоа од ДПМНЕ, ние влегуваме со резултат

0
797
Она што еве сега јавноста има повеќе време да го види заради кампањата покажува дека многу работи се сработени во 2,5 години ама покажува дека 12 години владеело едно големо ништо,  истакна носителката на листата на коалицијата „Можеме“ во петата изборна единица, заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска, во емисијата „Само вистина“ на Канал5 телевизија.
Еве едноставен пример, во Битола ја почнав кампањата со посета во офицерскиот дом кој целосно се реконструира, офицерскиот дом е симбол за Битола а богами и симбол е и за битолчани и навистина јас не знам колку пати сум чула дека враќањето на сјајот на таа градска Битола го врзуваат со судбината на офицерски дом, рече Шекеринска.
Таа додаде дека 12 години не заковале една шајка во симболот на Битола и во 2016 година се обидоа да го продадат офицерскиот дом, бидејќи тоа беше иницијативата на ВМРО ДПМНЕ покажува колку го есапеле Битола како град.
Ние за 2,5 години успеавме да обезбедиме пари, да почнеме и веќе да се гледа крајот на реконструкцијата на целиот тој комплекс, ова е само еден пример, погледнете ги и патиштата, погледнете го автопатот и регионалните и локалните патишта, истакна Шекериснка, додавајќи дека прашањата за водовод и канализација се сè уште проблем за оваа изборна единица, ама ние покажуваме со инвестициите во голем број на регионални правци, со рестартирање на автопатот Кичево – Охрид со комплетно променет проект, правила, клучки, тунели, логика на изведба покажува дека во ИЕ 5 не влегуваме со програма, влегуваме и со резултати.
На сите овие планови ќе видите дека во ИЕ 5 се гледа дека тргната е работата. Се разбира дека за 2,5 години овие проблеми не се решени  ама се гледа дека се почнати решавањата. Во периодот на КОВИД успеавме на ниво на држава 324,000 граѓани да добијат околу 28 милиони евра, на свои сметки за да можат да ја поттикнат домашната потрошувачка, а Владата во пред КОВИД периодот инвестираше милиони сериозни милиони евра во фирми коишто обезбедуваат иновации, фирми кои што обезбедуваат голем број на работни места и кои што го засилија и својот извоз го засилија и своето производство, истакна Шекеринска.
Само во фирмите и кај граѓаните успеавме да пласираме 500 милиони евра и во ИЕ5 се некои од фирмите кои што ги добија и најголемите пари за да не отпуштаат, за да го зголемат производството, за да го зголемат својот извоз, порача Шекеринска.
Само во последниве 2 недели посетив 4 спортски сали, Лабуништа на пример доби спортска сала, во Долнени имате прв пат модерна спортска сала, во Охрид електро машинскиот училиштен центар оваа година има рекорден број кандидати заради тоа што зградата е реконструирана, заради тоа што прв пат добива спортска сала. Во Охрид се асфалтираа улици кои се чекале да бидат асфалтирани не 40, 50 години. Регионалниот пат кој води до Центар Жупа 12 години не беше изграден, сега е таму. Две села чиишто деца по калливи и непроодни патишта одеа во училиште се изградени и од 3 метри ширина се направени 5,5 метри, дали е доволно – апсолутно не ама знаете кога 12 години сте ги трошеле парите во споменици и стиропор кој глумел дека е мермер тие пари не оделе ниту во пат, ниту во фирми ниту во инфраструктура, порача истакна носителката на листата на коалицијата „Можеме“ во петата изборна единица, заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска, во емисијата „Само вистина“ на Канал5 телевизија.