(ВИДЕО) ШВЕДСКА ПЛАТФОРМА ВО БИТОЛА : Греење, ладење и вентилација на сончева енергија ќе добие болницата во Битола со помош од Шведска

0
1219

Клиничката болница од Битола преку невладината хуманитарна организација „Ханд тил ханд“ или „Од рака на рака“  ќе реализира голем проект со кој ќе се обезбеди греење, ладење и вентилација, целосно еколошки проект, кој ќе помогне и во делот на борбата против загадувањето во Битола.

За таа цел делегација од болницата и претставник од општина Битола беа во посета на Шведска како гости на Кралскиот универзитет за енергетика на Шведска каде ќе се работи проектот во фаза на проектирање, а потоа на терен во Битола треба да се имплементира.

Делегацијата од болницата посетија и две клиники во Шведска со кои во иднина ќе имаат соработка и со размена на искуства и кадар.


Марија Русенгрин хуманитарката од Шведска и е доволно позната на јавноста во Македонија со бројни донации што ги има организирано за својата земја. Сега таа заедно со овој тим ќе го работат големиот проект за Клиничката болница.