ШАХ МАХ НА МУРТИНСКИ НАЧИН!!!

0
1909

“Браќа земљаци и мили комшии!“

Вака почнува Крушевскиот манифест, напишан на 6 август, пред 115 години. Вчера земав да го препрочитам – и ве охрабрувам да го сторите тоа, за да видите дека имало луѓе со големи, модерни визии и пред еден век и на овие географски широчини – оти стигна аберот од Софија дека „Република Илинденска Македонија“ е можниот македонски предлог за новото име на Република Македонија.

Вечерта направив блиц-анкета на неколку пријатели вмровци: Како ви се чини новово име? „Би гласале за него со двете раце!“, велат тие некако помирливо „издишани“.

Бреееј, каква итроштина! Во овој момент не знаеме кој е авторот на тој предлог – би била прекрасна финеса оваа идеја да му се родила на некој етнички Албанец, а би се приближиле до сублиминална нестварност инспирацијата да е дојдена од некој Турчин! – но, на неговата сегашна објава стои „муртински“ македонски печат: енергичноста и оптимизмот на овој Зоран Заев во еден здив ќе ја „позлатат“ и оваа интелигентна идеја, бидејќи предлогот во себе ги содржи сите неопходни димензии за од една, по дефиниција, преговарачка дефанзива, со срамна принуда да го менуваш името на сопствената држава, да излезеш во полна офанзива, со блескав ефект од таквите преговори да го унапредиш столетниот државен и национален идентитет на начин прифатлив за сите. Отстапката да се претвори во предност, нешто слично како кога Барса, во ненадеен контранапад, дава гол во 89 минута!

На крајот ќе излезе дека со толку проблематичното барање за менување на Уставот, овој предлог во Македонското собрание можеби ќе биде изгласан со акламација!

Колумната на Сашо Ордановски во целост прочитајте ја ОВДЕ.