Човекот што ме остави инвалид ќе биде вработен во МВР?!

0
14931

Дечкото што ме остави инвалид Бобан Петров се пријавил на последниот конкурс за полицајци и веќе очекува да го повикаат да работи во МВР, бидејќи ги поминал сите проверки иако против него се води тешко кривично дело за нанесување на инвалидитет и загрозување на општа безбедност во сообракајот!!!

Но, во нашата банана држава и ова е можно, затоа што таткото на овој човек работи во МВР и се вика Јорданчо Петров кој досега има лежано затвор во Струмица бидејќи згази човек и благодарение на Звонко Каширски го оставија на работа иако уби човек, сега исто по заслуга на началникот на крим полиција на источна Македонија Звонко Каширски, Бобан Петров ќе стане полицаец иако треба да лежи затвор над две години….

Почитувани Надeшта ми е во вас и сакам едноставно да застанете на страна на правдата и да ми помогнете бидејќи сеуште водам судски спор со идниот полицаец Бобан Петров КОЈ МЕ ОСТАВИ ИНВАЛИД!!!

П.С Вие сте секогаш на страна на правдата!!!!

П.П.С доколку се заинтересирате за овој случај јас имам еден тон документација а ваше е да проверите и правдата да ПОБЕДИ!!!

Фејсбук статус на Благојчо Ѓорѓиев