(ВИДЕО) ЧОВЕКОТ СЕ БОРИ КАКО ЛАВ ПРОТИВ ВМРОВЦИТЕ КОИ СО МНОЗИНСТВО ВО СОВЕТ ПРАВАТ СОПКИ И ПОВТОРНО Е НАЈУСПЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК ВО ИСТОРИЈА НА ГАЗИ БАБА – Георгиевски : За две години со посветена работа Гази Баба се развива рамномерно и е општина без долгови

0
1576

Две години општина Гази Баба оди кон подобро. Две години посветено работиме за решавање на сите крупни проблеми кои со години ги мачеа граѓаните.

Плански изградиме подобра инфраструктура, еднакво во сите населени места. Во овие две години од мандатот изградивме и реконструиравме 67 улици. Заедно со поддршка на Владата извршивме целосна реконструкција на регионалниот пат Јурумлери – Долно Лисиче – Драчево, како и на регионалниот пат Хиподром – Илинден во првата фаза. Со градот Скопје работевме на реконструкцијата на улицата Благоја Стефковски, која добива нова пешачка и велосипедска патека од двете страни. Продолжувањето на булеварот АСНОМ започна со реализација.

Горната зона на Раштак доби водовод, а со средства од Владата започнуваме и со изградба на водоводната мрежа во долната зона на Раштак. Десната страна во Булачани доби нова водоводна мрежа, а на терен веќе се поставуваат и 120 водомери во домаќинствата. Во овие две години изградивме водоводна мрежа во должина од 11.174 метри.

Септичките јами во Јурумлери стануваат минато, градиме вакуум канализациона мрежа, која е единствена во земјата. По 17 години во функција ја ставивме и канализационата мрежа во Трубарево. Извршивме прекоп под пругата со кој овозможивме поврзување на канализациона мрежа и на населеното место Гоце Делчев. Подготвени се проекти за канализациона мрежа во Смилковци и Црешево. Во овие две години изградена е канализациона мрежа долга 6200 метри.

Во соработка со градот Скопје и Владата од следната година во Трубарево започнува да се гради пречистителна станица.

Новата населба Хиподром 2 беше целосно заборавена. Граѓаните оставени без вода и канализација. Денес целосно е оспособена водоводната и канализациона мрежа во населбата, поставено е улично осветлување и автобуска постојка. Изградена е и пешачка патека долга 2000 метри квадратни од рампата во Хиподром до коњаничкиот клуб. Во овие две години изградивме пешачки патеки во должина од 10.267 метри квадратни.

Вложуваме во подобро образование за нашите деца. Заедно со Владата изградивме ново училиште Вера Јоциќ во Хиподром, а започнавме и со изградба на нова спортска сала. Со одлука на Владата ново училиште ќе биде изградено и во населеното место Идризово. Со средства на општината во овие две години извршивме реконструкција на повеќе основни училишта. Енергетска фасада доби основното училиште Дане Крапчев. Целосно обновен е кровот во основното училиште Крум Тошев во Трубарево. Во училиштето Његош во Јурумлери заменет е кровот на училишната зграда, како и на спортската сала. Заменет е кровот и спортската сала во основното училиште Григор Прличев во Железара. Нови прозори се поставени во училиштата Наум Наумовски Борче и Стив Наумов.

Набавивме нови наставни помагала и ги опремивме училишните лаборатории. Во овие две години поставивме 115 смарт табли распоредени во сите 11 основни училишта во општината. Набавивме нов мебел за училиштата Кирил и Методиј во Стајковци и Вера Јоциќ во Хиподром.

 

Го решаваме проблемот со слабиот капацитет во детските градинки. Со средства на општината градиме нова детска градинка во Стајковци, со капацитет за 140 деца. Заедно со министерството за труд и социјална политика ги проширивме градинките Морковче во Јурумлери и Калинка во Железара. Градинката Калинка во Железара сега има можност да работи и втора смена. Успеавме во овие две години од мандатот капацитетот во детските градинки да го зголемиме за нови 220 места.

Нова кујна по ХАСАП стандарди добива градинката Детска радост. Го заменивме кровот на градинката Калинка, а со средства на министерството за животна средина започнуваме со реконструкција на прозорите во оваа градинка.

Како општина даваме шанса на младите, сакаме да ги задржиме тука во нашата земја. Затоа доделуваме два гранта од 200.000 денари за студенти иноватори. Ги поттикнуваме младите да отворат свој бизнис доделувајќи грант од 60.000 денари. Младите талентирани ученици и спортисти добиваат стипендии.

Првите две години од мандатот целосно ги посветивме во подобрување на инфраструктурата во општината. Во решавање на децениските проблеми кои населените места ги имаа. Следните две години главен акцент ставаме на животната средина.

Си поставуваме за цел во 2020 година уредување на 15.000 метри квадратни јавно зеленило, за што веќе обезбедивме повеќе од 15 милиони денари. Нашето општинско комунално претпријатие го направивме вистински сервис за граѓаните. После повеќе од 10 години ЈКП Гази Баба набавивме нова опрема и механизација и нови заштитни униформи. Го зголемивме и бројот на вработени сезонци во ЈКП Гази Баба. Благодарение на мерките на Владата платата на вработените сезонци растеше, од 9000 денари на 12.000 денари, за веќе од јануари следната година да биде 14.000 денари.

Покрај сите опструкции и блокади кои овие две години ги имавме во нашата работа, успеавме решиме децениски проблеми на граѓаните.

Докажавме дека домаќински може да се работи во интерес на граѓаните. Општината денес е без долгови и отворена за граѓаните.

Гази Баба се развива и оди кон подобро.

Заедно продолжуваме понатаму.