Денеска продолжуваат активностите на СДСМ за помош на граѓаните од погодените подрачја на коишто им е најпотребна, известуваат од партијата.
Членови на Извршниот одбор на партијата, заедно со волонтери и активисти на СДСМ, и денеска се со жителите на скопските населби погодени од невремето.
Активностите започнуваат во 12.00 часот, на влезот во населбата „Методија Андонов Ченто“ во Скопје (влез во населбата, кај бензинската пумпа на „Макоил“) и продолжуваат во населените места Стајковци, Сингелиќ и Инџиково, а ќе биде поделена и хуманитарна помош во сите погодени подрачја.