Четврт пакет мерки: Платежни картички, укинување на давачки, одложување на отплата на кредити

0
1020

Четвртиот пакет економски мерки за намалување на последиците од корона-кризата ќе тежи 350 милиони евра, а ќе значи продолжување на дел од претходните мерки.

„Четвртиот пакет економски мерки опфаќа поддршка за исплата на плати за последниот квартал на годината, платежни картички за одредени категории на граѓани на кои помошта им е најпотребна, грантови за најпогодените сектори, намалување или укинување на парафискални давачки, зголемување на грејс периодот кај бескаматните кредити од ковид(1) и дополнително одложување на отплата на кредитите од компаниите“, велат од Владата.