Четврта седница на Главен штаб за управување со кризи при ЦУК, од прогласувањето кризна состојба, преку видеоконференциска интернет врска

0
891

Денеска, во Центарот за управување со кризи, (петок, 27.11.2020 година), се одржа четврта седница на Главниот штаб за управување со кризи при ЦУК преку видеоконференциска интернет врска. Штабот  е оперативно стручно тело што раководи со активностите за превенција и справување со кризни ситуации.

Со седницата на Главниот штаб раководеше, в.д., директорот на Центарот, Стојанче Ангелов, од својот кабинет, а на видеоконференцијата учествуваа претставници на субјекти во Системот за управување со кризи назначени согласно и Законот за управување со кризи.  Институциите во Системот за управување со кризи, СУК, беа задолжени на дневна основа да доставуваат податоци според оперативни можности за комуникација за нивното ангажирање за спроведување на Акцискиот план, а секој петок да доставуваат писмено сублимирано неделно брифирање. Секако, во контекст на теренското дејствуање, се координиршаше оправданата потреба од лични заштитни средства, дезифенкциони средства и други работи поврзани со теренското оперативно дејствување на припадниците на МВР и Армијата, коишто надвоешно ги обезбедуваат болnичките установи каде што се третираат „ковид“ пациенти.

Видеоконференциската седница е во насока и со цел за поголемо и посеофатно дејствување во правец превенција и справување со ширењето на заразната болест „COVID-19“ предизвикана од вирусот „SARS-CcV-2“, заштита на здравјето и животот на населението преку сеопфатно координирани мерки и активности на субјектите во Системот за управување со кризи, како и рационалнио и ефикасно искористување на расположивите национални ресурси.  Секако, со Акцискиот план, беа утврдени и активностите на институциите за наредниот период.

До сега, се утврдија силите и средствата со коишто Армијата дава поддршка на Министерството за внатрешни работи и на Министерството за здравство, согласно Акцискиот план и Законот за управување со кризи со флуиден ангажман во поглед на бројот, средства и капацитети согласно потребите и условите околу болnичките установи каде што се третираат „ковид“ пациенти.  Денеска Армиските припадници се веќе на терен, согласно вчера потпишаната Одлука на претседателот Пендаровски, а и информирањето на јавноста од страна на министерката за одбрана, Шеќеринска.

Активностите и координацијата од ЦУК е во контекст на потребата за учество на дел од Армијата, согласно Стратегискиот одбранбен преглед, а што се остварува на предлог на Управувачкиот комитет по работата на Главниот штаб за управување со кризи при ЦУК, што, пак, е континуитет на процената на Групата за процена. Притоа, на седниците на Главниот штаб за управуање со кризи при ЦУК, конкретно се изврши определување на видот и број на силите и капацитетите на армиските единици, намена и задачи за коишто се бараат, а и времетраење на конкретни активности и ангажмани на армиската единица.

Инаку, обемниот и содржаен, Акциски план што го изготви Центарот за управување со кризи, е во директна насока за превенција и справување со ширењето на заразната болест „COVID-19“ предизвикана од вирусот „SARS-CcV-2“ и има и преглед за расположивите човечки и материјално технички ресурси и план за координирано дејствување. Центарот за управување со кризи е во постојано заседавање, а  работи  и за зајакнување на капацитетите на Главниот штаб за управување со кризи при ЦУК и со надворешни соработници од невладиниот сектор.