ЧЕСТИТКИ ДО ИДНИТЕ ПРАТЕНИЦИ НА ОПОЗИЦИЈАТА, ДЕФИНИТИВНО ЌЕ ГО СМАЧКАМЕ РЕЖИМОТ НА 11-ТИ ДЕКЕМВРИ И ЌЕ СЛАВИМЕ ЗА СЛОБОДАРСКА МАКЕДОНИЈА

0
1761
Листите за пратеници на СДСМ и опозицијата се одлични, сите до еден најодговорно ќе го ораат теренот по гласови за победа на изборите кој ќе се одржат на 11-ти декември.
 
Честитки за Ферид Мухиќ, добредојде во борбата против режимот во последен момент кога е најважно и кога се работи за слобода на народот, добредојде и за Лиле од ДОМ.
 
Се по очигледно е дека овие луѓе ги ставаат своите интереси позади себе кога е во прашање државата и нејзината иднина. 
Посебни честитки заслужуваат активистката на студентскиот пленум Ивана Туфеџиќ и Павле Богоевски од Шарената револуција за кои ќе напишам само збор два, Ивана Туфеџиќ дигаше галама во протестите на СПУКМ за кражбата на изборите кога тоа најмногу и требаше на опозицијата кога гласовите на студентите беа украдени од горилата на Грујо и Мијалков преоблечени во студенти, исто така студентскиот пленум се зачеток на отпорот против диктатурата кои први успејаа да го поразат режимот. Павле Богоевски беше на улиците ден и ноќ кој важи за еден од најревносните борци на ,,Шарена револуција” а воедно и приведен од полицијата на Гоца бркла за фрлање боја по кичерајот како и за дигање на својот глас јавно додека други мрчеа и се обидуваа да го релативизираат движењето на Шарената револуција.
Честитки за Лиле од ДОМ која во последен момент му удри фатален удар на режимот и ќе трча од опозиција да освои власт а не од позиција на позиција. Времето на шлепачи помина, сега СДСМ и опозицијата ќе мораат да го ораат теренот и да се впрегнат сите сили за освојување на гласови.
Сега не се мрчи ко Борјан, Ефтов и остали, туку сега е време да ја ослободиме Македонија од диктатурата и тоа само со мултиетничка коалиција и листи, диктатура која вирее веќе 10 години, или Македонија или диктатурата и пропаст на државата, друг избор за живот во Македонија нема.
Рубин Иваноски, главен и одговорен уредник на порталот ,,Народен Глас”