Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

0
720

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Митрополит Скопски, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима, г.г. Стефан и сите православни верници, и до Претседателот на Црковното претставништво на Евангелско – методистичката црква, Емил Заев и припадниците на Евангелско-методистичката црква во државата.

„Од сè срце посакувам празникот на Христовото воскреснување да го поминете во добро здравје, мир, радост и неизмерна љубов. Нека празникот на светлината придонесе да ги отвориме нашите срца и да ја зацврстиме нашата вера и оптимизам, мотивирајќи нè на духовни подвизи и на благородни дела. Велигденското празнување годинава ни доаѓа во период кога целиот свет се соочува со една од најголемите закани за човештвото. Затоа мораме да останеме внимателни и дисциплинирани, преземајќи ги сите мерки на претпазливост и почитувајќи ги сите препораки во борбата со КОВИД-19. Токму Христовата победа над смртта нека ни биде инспирација и надеж да истраеме пред предизвикот и да излеземе како победници. Светлината на Велигден нека ни дава сила и верба во искушенијата со кои се соочуваме“, се вели во честитката од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден.