Честитка од градоначалникот Илија Јованоски, по повод Меѓународниот ден на жената

0
1074

Последниве неколку години во Македонија, обвинителките, судијките, политичарките, новинарките, работничките … создаваат една друга нова македонска реалност. Го креваат гласот жената да го добие заслуженото место во заедницата, да биде на исто рамниште со мажот.

Од друга страна, изминатава деценија сведоци бевме на пораст на семејното насилство, мобинг, политички, партиски притисоци, случаи според извештаите на граѓанските организации и други асоцијации, во кои што жената е жртва на разни злоупотреби, во коишто и беа одземани нејзините права и слободи.

Овој Меѓународен празник на жената „8-Ми Март“ е повод повеќе да ја искажеме и како Општина, како нова локална гарнитура и јас како градоначалник, нашата заложба и целосна подготвеност, да ја демонстрираме нашата солидарност во современите процеси за бришење на дискриминацијата на жената во општеството, за враќање на нејзиното достоинство, за максимално почитување на сите нејзини права и слободи.

Честит празник на сите граѓанки на Македонија!