ЧВРГА ОД МЕРКЕЛ ЗА КОЦКЕСТАТА ГЛАВА НА ДИКТАТОРОТ ОД ЛЕРИНСКО : Фондацијата на ЦДУ жестоко ја нападна „сестринската“ ВМРО-ДПМНЕ

0
1282

Наместо да ја прифати волјата на мнозинството и да се насочи кон внатрепартиски реформи, ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ја задржи разјадената власт, пишува во анализа за состојбата во Македонија, фондацијата Конрад Аденауер, пренесува Дојче веле.

Фондацијата на германската владејачка конзервативна партија ЦДУ на канцеларката Ангела Меркел упати остри критики за недемократско однесување кон ВМРО-ДПМНЕ. Во анализа објавена денеска на интернет-страницата на фондацијата „Конрад Аденауер“, сестринската партија од Македонија се критикува поради нејзиното одбивање да се реформира, дезавуирањето на државните институции, како и поради критиките кон странските амбасадори.

Во анализата под наслов „Народот одлучи“, се наведува дека изборите, иако биле досега најслободните и најдемократски, не донеле политичка стабилност. „Напротив, последните денови беа пример за недемократско однесување пар екселанс. Кризата во државата нема крај. Последиците би можеле да бидат и немири“, пишува авторот Јоханес Реј.

Тој натаму проценува дека доколку СДСМ успее да освои уште едно пратеничко место по прегласувањето во Теарце в недела, тоа би им ги зголемило шансите за создавање коалиција. Колку е реално СДСМ да освои 304 гласови во Теарце, не може никој да предвиди, но всушност тоа и не игра никаква улога:

„Партијата на долгогодишниот премиер Никола Груевски уште пред одлуката на Управниот суд најави дека нема да учествува во прегласувањето – грубо непочитување на изборното право“.

Со меѓунасловот „Игнорирање на гласачката волја“, започнува и серијата критики кон ВМРО-ДПМНЕ.

„Со губењето на 19 пратенички места, гласачите ѝ испратија јасен сигнал за промени на владејачката коалиција, сигнал кој пред сѐ не се прифаќа од ВМРО-ДПМНЕ. Наместо да се иницираат внатрепартиски реформи, се прави обид да се задржи еродираната власт. Со објавата на Прогласот и говорот на Груевски пред седиштето на ДИК минатата сабота се попречуваат ДИК и Управниот суд, нивните членови се дезавуираат, и се затвора вратата за меѓународната заедница.

Останува нејасно, зошто партискиот врв, без потреба, уште пред одлуката за жалбите на опозицијата, ѝ го соопшти ова на јавноста. Очигледно не постои никаква доверба во државните институции“.

Понатаму се критикува и создавањето „непријателски имиџ“ кон странците од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

„Легитимно е да се критикува политичката улога на некои амбасадори и не секогаш вештата посредничка улога на ЕУ. Но, да им се префрла на амбасадорите и странските претставници мешање во внатрешните работи и директно влијание врз работата на поединци во ДИК, е проѕирен маневар, за да се прикријат сопствените проблеми.

Заканата, преку нова финансиска регулатива да се потчинат невладините организации, нема да успее. Демократијата мора да поднесе и спротивно мислење“, се наведува во анализата.