Чауш: МВР ми ја конструира аферата оти не сакав да му помогнам на Мајкал Цивиќ, кој ПЕРЕ ПАРИ за актуелниот министер Митко Чавков!?

0
1355

Захир Бекири- Чауш со низа обвинувања во своите завршни зборови за мотивот поради кои се најде на обвинителна клупа за аферата „Фабрика за лични карти“, пренесува „Телма“.

Во неговите завршни заборови на денешното рочиште обвини дека највисокото раководство на МВР ја конструирало аферата затоа што на лице кое живее во Струмица, Мајкал Цивиќ, не сакал да му помогне да замине во Ирак да го шири шиизмот.

Ова лице Чауш тврди дека пере пари за актуелниот министар за внатрешни работи Митко Чавков, а тој се јавува и како посредник во предметот Шпиун.

Инаку одбраната на Чауш побара ослободителна пресуда и останува на ставот дека компјутерите кои беа пронајдени кај него се подметнати.

Обвинителството пак побара осудителна пресуда, а во врска со информациите во комјутерите рече дека нема можност да бидат подметнати.

Пресуда за Чауш ќе биде изречена утре во 9 и 30 часот.