ЧАДИЕВА : СДСМ Е ВИСТИНСКИОТ ПАТ, ЧЕКОРИМЕ КОН СТАБИЛНА, ДЕМОКРАТСКА, СИЛНА, ЕВРОПСКА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

0
409
Наша е обврската и честа да ја сочуваме историјата, но уште поголема да го следиме европскиот пат, патот кон иднината кој ќе биде историска читанка за идните генерации, порача од трибината во Велес, под мотото „Одлучно и силно кон иднината“ претседателката на ОО СДСМ Велес Даница Чадиева.
Претседателката на ОО Чадиева направи споредба на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ во Велес, нагласувајќи дека во измината година во Велес не се предаде во употреба ниеден инфраструктурен објект, не отпочна градба на ниту една проектна активност, не се најави ниедна инвестиција.
Се реализираше само еден проект – се сруши Работничкиот универзитет. Оваа зграда го носи името на народниот херој Благој Страчковски, го нема објектот, го нема ни херојот ни споменот за жртвата на хероите. Но ние сме тука да проговориме јавно за да се знае кој гради, кој руши, кој чува, а кој уништува, истакна Чадиева, додавајќи дека единствениот проект на Марко Колев е сликање и фалби со проектите на Владата.
Чадиева истакна дека во време на локалната власт на СДСМ во Велес, се инвестираше во сетските градинки, во социјалната заштита се отвори шелтер центар, се подготви документација за изградба на 29 нови социјални станови, се инвестираше  во образованието, во инфраструктурата.
Владата даде поддршка  и на 10 проекти од областа на патната инфраструктура, 6 проекти од средства наменети за рамномерен регионален развој на територијата на нашата општина, реконструкција на водоводна и канализациона мрежа во населените места и градот, се поддржуваше и спортот и културата, и домувањето, но затоа што Општината умееше да ги утврди своите приоритети и да настапи со идеја, со готови проекти, со издржано образложение за да ги обезбеди овие милионски средства од Владата за добробит на граѓаните. И на крај владата инвестира околу 26 милиони евра во Хидросистемот Лисиче во систем за наводнување на 4000 хектари и изградба на хидроцентрали, посочи Чадиева.
Владата е на вистинскиот пат по кој стабилно чекориме кон високо зацртаната цел – стабилна, демократска, силна, европска Република Северна Македонија, порача претседателката на ОО СДСМ Велес Даница Чадиева, на трибината во Велес, под мотото „Одлучно и силно кон иднината“.