ЧАВКОВ ДЛАБОКО ЗАГЛАВЕН ВО ГАЗОТ НА ГРУЕВСКИ : Инспекторот кој го открил тепачот на сопственикот на Доказ.мк, префрлен на пониско работно место

0
1692

Полицискиот инспектор кој го истражил случајот со претепувањето на сопстевникот на интерент порталот Доказ.Мк, Марјан Стаменковски, од виш инспектор во одделението за насилен криминал во октомври 2015 е префрлен на пониско работно место во полицската станица Бутел, објави Телма.

Инспекторот Алексеј Сопронов и неговиот адвокат тврдат дека ланскиот јули истрагата за нападот ги дала резултатите и било идентификувано лице од подзeмјето како како напаѓач на Стаменковски. Инспекторот Сопронов заминал на одмор, но откако се вратил случајот му бил одземен, а во октомври со одлука на минситерот Митко Чавков испратен на пониско работно место. Сопронов повеќе од седум месеци минува во полициската станица Бутел и прави многубројни обиди правно да си го врати статусот.

Оливер Спасовски како технички минситер го враќа назад во одделнието за насилство за потоа во април годинава владата да ги укине сите решенија на техничките министри од опозицијата ,а тој да мора пак да се врати во ПС Бутел, место го му го определеил токму министерот Митко Чавков, вели адвокатот Панчевски.

МВР се уште е без одговор за Телма прашани за постапката која инспекторот Сопронов два пати ја обжалил за неговиот трансфер од службите на МВР во полициската станица Бутел, овластени од минситерот Чавков.

Оттаму не прецизираат и до каде е постапката за случајот во кој беше брутално претепан сопственикот на интернет проталот Доказ.мк.

Јавното обвинителството ги поседува доказите и материјалите од , а според тврдењата на самиот Стамнековски невозможно е точно една година од настанот сторилтите се уште да не се пронајдени и казнети.

Извор : Телма