ЦРН ПЕТОК Е УСТВАРИ ПРОДАЖБА НА ЗАПОСТАВЕНИ И ЗАБАТАЛЕНИ НЕПРОДАДЕНИ ПРОИЗВОДИ, МАКЕДОНЧЕТО ПО ПАМЕТОТ НА АМЕРИКАНЦИТЕ СО МОЗОК НА МУВА!

0
1619

Популарниот настан Црн петок, кој е традиционален американски трговски модел за чистење на залихите од производи пред Божиќ, во последниве години станува се поактуелен и кај нас во Македонија. Надевајќи дека ќе можат да купат производи по ефтини цени, голем број на граѓани во државата, следејќи ги примерите во Америка, Велика Британија и слични земји, и кај нас денес уште пред отворањето на продавниците уште рано наутро се упатиле зомби од групи луѓе кон трговските центри и поголемите продажни салони.

На социјалните мрежи од утринава се објавуваат видеа од неколку трговски центри во Скопје, на кои може да се види дека стотици заинтересирани купувачи чекаат да се отворат вратите на продавниците, најверојатно под претпоставка дека за малку пари ќе дојдат до омиленото парче бела техника, гардероба, козметика… Но, дали? И минатата година главниот град го зафати манијата наречена Црн петок, за да на крајот на денот добар дел од купувачите завршат со предмети кои всушност и не им требаат, а спектакуларниот најавен попуст се испостави дека се однесува само на одредени продукти.