Црна Гора понуди помош за Македонија

0
876

Претседателот на Црна Гора, Филип Вујановиќ, изразил сочувство за настраданите во вчерашното невреме во телефонски разговор со претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов.

Вујановиќ истакнал дека Црна Гора е подготвена, во рамки на можностите, да ги стави на располагање своите капацитети за помош на Република Македонија и нејзините граѓани околу санирање на последиците од временската непогода.