Ципрас на средба со неговиот пријател Заев во Скопје: Се осмеливме и горди сме на Договорот од Преспа!

0
955

Поранешниот грчки премиер и лидер на СИРИЗА, Алексис Ципрас денеска пристигнува во Скопје, при што во попладневните часови треба да се сретне со премиерот Зоран Заев, со кого одлично соработуваше главно поради процесот што резултираше со потпишување на Преспанскиот договор.

-Ние, пријателки и пријатели, ја вративме меѓународната слика на земјата. Се осмеливме да се отвориме кон нашите соседи, да спроведеме мултидимензионална надворешна политика на мир и соработка. Се осмеливме за Договорот од Преспа и горди сме, бидејќи затворивме голема рана за земјата, голема рана за Балканот, голема рана на нестабилност во нашиот регион – рече Ципрас за време на синоќешното обраќање на подмладокот на партијата.

Инаку, тој утре ќе учествува на Самитот на Економист „Зајакнување на моментумот за европска интеграција“, посветен на Западен Балкан, а на посебна панел дискусија, заедно со Заев и Мартин Шулц ќе дебатираат во однос на темата „Кои се следните чекори за европска интеграција на Западен Балкан?“.