ЦИПРАС КАКО ЗАЕВ НАШ, МАКИ МАЧИ СО ГРЧКИТЕ НАЦИОНАЛИСТИ И ВМРОВЦИ ЗА ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР ВО ГРЦИЈА

0
1151

Грчкиот премиер Алексис Ципрас веројатно ќе добие доверба на гласањето во грчкиот парламент, но неговата партија СИРИЗА е осамена во одбраната на историскиот договор постигнат помеѓу Атина и Скопје, пишува порталот „Еурактив“.

Ципрас е соочен со „непријателска средина“, имајќи предвид дека сите партии освен неговата Сириза се против спогодбата. Гласањeто на доверба е последица на оставката на министерот за одбрана Панос Каменос, кој се противи на Преспанскиот договор.

Сите опозициски партии сакаат да ја блокираат историската спогодба која ќе го смени името на соседот во Северна Македонија, со која би бил ставен крај на 27-годишниот меѓудржавен спор. Договорот е ратификуван во Скопје, но потребно е да биде усвоен и во Атина.

Владата на Ципрас, сепак, ја осигури поддршката на мнозинството од 151 пратеник во парламентот со 300 места, па се очекува вечерва да добие доверба, како и да биде изгласана ратификацијата на Преспанскиот договор. Ако помине ратификацијата на спогодбата, грчкиот паралемент неколку дена подоцна ќе гласа и за приемот на Македонија во НАТО.

Грчките национални избори се закажани за октомври, но опозицијата бара предвремени избори. Според последните анкети, Нова демократија би добила 33 отсто од гласовите, а Сириза 23 отсто, доколку изборите би се одржале сега.